Македонија
25. November 2023 - 16:34

Родителите добиваат пријави

Малолетник претепал соученик во основно училиште во Охрид, во друг случај малолетник се однесувал насилно кон своите соученици па родителот заработи прекршочна пријава за запоставување на својата должност за грижа и воспитување на своето дете ова се само дел од насловите на билтените овие денови на охридската полиција за врсничко насилство. Во изминатиот период, сведоци сме на зголемен број случаи на врсничко насилство од различен вид.

Насилството во основните училишта го вклучува алармот на загриженост во колкава мерка тоа, всушност, е присутно во училиштата, земајќи ги предвид и непријавените случаи.

Најважно е едукацијата за превенција препознавање и пријавување на ваквите случаи.

Свр Охрид работи во кородинација со надлежните институции се со цел превенирање и сузбивање на насилството реализираат превнтивни едукативни кампање со најмладите и апелираат да се воздржат од насилно однесување бидејќи иако се малолетни согласно законот подлежат на санкции.