-->
-->
Родители внимавајте: Момо се појавува среде „Пепа Прасе“ и „Фортнајт“
-->
Последниве денови многу мајки пријавуваат дека на многу детски видеа на „Јутјуб“ и „Јутјуб кидс“ се појавува ликот Момо. Видеата започнуваат нормално и не изгледаат сомнително. Момо се појавува по кратко време среде видео во „Пепа Прасе“, „Лол дол“, „Фортнајт“ и други.
Едно од видеата е епизода на „Пепа Прасе“, почнува невино, а потоа продолжува изменета верзија, полна со насилство и навредлив јазик.
Во друго видео, Момо се појавува во бела маска која ги тера децата да прават разни опасни задачи, без да им кажат на своите родители, како на пример, да го запалат шпоретот на плин или да најдат и да се напијат таблети.
Измислениот лик Момо им се заканува на децата дека мора да го додадат на „Ватсап“ или ќе ги убие додека спијат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со др. Ана Пепељугоска Стојкоска, адвокатка
-

Напад со огнено оружје на настан со Трамп, напаѓачот е уапсен
-

Граѓаните прашуваа, пратениците одговараа - кој го кочи патот кон ЕУ?
-

ЗНАМ нема став за двојните државјанства на пратениците
-

ВМРО-ДПМНЕ предлага измени на Законот за концесии и јавно приватно партнерство
-

Македонија ја тресе серија на сексуална патологија - како да се заштитат децата од предатори и уцени?
-

Пчеларите под притисок: Помалку мед, повеќе фалсификати
-

Нови инвестиции за унапредување на туристичките локалитети во Ново Село
