Родители и ученици протестираа пред средното медицинско, не сакаат квалификациски тест

Учениците и нивни родители претпладнево протестираа пред влезот на средното медицинско училиште „Д-р Панче Караѓозов““ во Скопје затоа што не сакаат квалификациско тестирање од кое ќе зависи кои ученици ќе бидат примени во прва година во 2020/2021 за насоката медицинска сестра на албански наставен јазик.
Во Конкурсот на МОН за оваа насока за настава на албански јазик се предвидени 102 ученика во три паралелки, а со ист број максимални 75 бодови се пријавени 166 ученици.
Тие требаше да имаат денеска тестови по предметите биологија и хемија и од успехот и резултатите да се одреди кои ученици ќе бидат примени во училиштето. Учениците и родителите со извици протестираа во училишниот двор, барајќи да се отвори уште една паралелка за да нема елиминациски тест.
Директорката на училиштето Маја Салиу е недостапна за изјава за да информира дали ќе има средба со родители или дали од МОН има насоки како да се постапи. Во медицинското „Д-р Панче Караѓозов“и во минатите години имаше поголем број прјавени со успех 5.00 во основно, а и протести од родители кои не се согласуваат со дополнителни тестови.
Покрај во медицинското во Скопје, квалификациско тестирање денеска треба да има во уште две средни училишта за истата насока – медицинска сестра, но за настава на македонски јазик – во СОУ „Димитар Влахов“ во Струмица, каде што за слободни 34 места односно една паралелка се пријавени 39 ученици, и во СОУ „Ѓорче Петров“ во Прилеп, каде што за 34 места односно една паралелка конкурирале 44 ученици со максинални (75) бодови.
Ново на Сител
-

Македонските земјоделци произведуваат повеќе со помалку земја
-

Тројца убиени и 10 повредени во Дњепар во повеќе руски напади во текот на ноќта
-

Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто
-

ДЗР: Зголемени ризици од катастрофи, но недоволна подготвеност на системот за заштита и спасување
-

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна
-

Над 10.000 сообраќајни прекршоци за четири месеци – одземени 423 мотоцикли и тротинети
-

Уапсен 38-годишен скопјанец, при претрес пронајдени 25 кесички со марихуана
-

Новата футсал сезона стартува на 10 октомври
