Живот
31. July 2019 - 11:04

Родила тројки и починала за 10 дена: Мажот остана само со пет деца, еве што го охрабри да истрае

Кога Каси и Џои од Канзас Сити се запознаа и се вљубија, мислеа дека цел живот е пред нив.

2015 година дознаа дека ќе добират тројка. Тоа значеше дека ќе имаа пет деца зошто веќе имаа две постари ќерки, Клои (6) и Тенли (2).

Меѓутоа набрзо се се промени.

Џои ја брзаше да оди во болница, а таму лекарите открија дека има згрутчување на крвта во белите дробови. На 29 јануари 2016 година Кеси на свет донесе две момчиња и девојче. Набрзо и беше подобро, но два дена откако е пуштена дома, ја разбудила остра болка во градите.

Натамошните тестови покажале дека Каси нема повеќе згрутчувања, но дека нејзиното срце е под притисок. Во тој момент немала други симптоми, па е пуштена дома.

Само 10 дена откако чудесните тројки дојдоа на свет, нивниот живот се промени за миг.

Џои ги зел Клои и Тенли од училиште за да си одат дома. Тие засекогаш ќе го паметат тој ден, зошто Каси тој ден ненадејно починала. Се утврдило дека сепак без ничие знаење пиела лекови против емболија, кои во комбинација со хормоните и со лековите после породувањето имале фатално дејство.

Иако имало моменти кога Џои помислил да се откаже, скршен од болка и тага, морал да се прилагоди на животот со пет деца.

„Мораш да бидеш тука за своите деца. Не можете туку така да се откажете, кога знаете дека пет мали деца зависат од вас“, рече Џои.

Џои покрена и блог на кој ги следи авантурите на своите деца, а тројките Ашер, Леви и Пајпер оваа година наполнија 3 години.