Роди преубаво девојче, а потоа работите тргнаа на лошо: Поради она што му го кажаа на сопругот сите ги фати паника

Периодот по раѓањето на девојчето за Холи Герлач и нејзиниот сопруг стана вистински кошмар.
Двојката очекуваше бременост и породување без компликации. Но работите се променија. Откако роди здраво девојче, Холи почна да чувствуа болка и слабост во вратот и нозите и му се пожали на сопругот.
Како што минуваа деновите, нејзината состојба се влошуваше и мажот ја однесе во болница. Но беше предоцна. Младата мајка остана парализирана од вратот надолу.
Низата тестови открија дека Холи боледува од Гијен - Баеров синдром (ГБС). Нарушувањето може да биде опасно по живот ако го попречува дишењето, работата на срцето и крвниот притисок.
Во времето кога Холи требало да се грижи за своето бебе, живеела на апарати. Меѓутоа со време, работите почнале да се менуваат на подобро.
Холи благодарение на поддршката и грижата на членовите, а посебно на сопругот како и медицинскиот персонал била се подобро и подобро.
Таа сакала да си ја поврати сила и да се врати дома кај својата ќеркичка Кејси.
Набрзо почнала да зборува, да се движи, да јаде и да се облекува сама. Се вратила дома по 4 месеци престој во болничкиот кревет и сега ужива во времето поминато со своето девојче.
Ново на Сител
-

Виртуелниот простор станува нова сцена за врсничко насилство
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
-

Тема на денот со министерката за финансии Кочоска
-

Мицкоски: Ќе победиме со разум, Филипче: Рефрендум за уставни измени
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Савески: Предметот „Мазут“ е во фаза на одлучување
-

Обвинителството со докази за инспекциски надзори, според одбраната тие се нерелевантни за пожарот
