Живот
5. December 2015 - 14:39

Родени во САД, но решиле да живеат во Гана

Би-Би-Си - Лондон

Пред многу генерации, нивните претци биле продадени во робптво, но сега некои Американци од африканско потекло избираат да се вратат на земјиштата на нивните татковци. Ненси Кацунгира открива зошто

Академијата Акома во Кејп коуст во Гана е, извинете, африканска.
Од африканските униформи со светли бои кои ги носат студентите до постерите на иконите од континентот закачени по ѕидовите - каде и да погледнете ќе забележите делче од африканското наследство. Но сопственикот на училиштето е роден и одраснат во Детроит, САД.

Чекеша Аидо - родена како Присила Дејвис - израснала во семејство на професори. Но долго време таа малку знаела за континентот на кој сега живее.

- На училиште ништо не учев за Африка, ниту пак нешто имаше на телевизија, освен за Тарзан - па дури и тоа беше неточно, вели таа со смеење.

Но кога имала 14 години, во нејзиното училиште најавиле дека ќе се оди на екскурзија на тој континент, а нешто кај неа кликнало и таа силно се возбудила.

Отрчала дома и и кажала на мајка и која исто така возбудена отишла со групата како водич. Тие патувале во Гана, и срцата им останале таму.

Г-ѓа Аидо се уште се расплакува кога ќе се сети на денот кога првпат стапнала на африканско тло.

„Во Африка се чувствувам слободна“

- Тоа беше пред 42 години, но се сеќавам како да беше вчера. Бев толку обземена од енергијата. Всушност, клекнав на колена и ја бакнав почвата. Дури и воздухот во градите беше силен. Се почувствував како да се вратив дома.

Таа се вратила во САД, но нејзината мајка остана во Гана и ја основала Академијата Акома.

По многу години работење и подигнување на семејството во САД, г-ѓа Аидо решила да престане да патува помеѓу Африка и Америка и да се пресели во Гана.

И помагала на мајка и да го води училиштето, а кога мајка и починала, таа го презела раководењето. Иако и недостига остатокот од семејството кое е се се уште во Детроит, таа не била решена да се врати назад.

Гана е „помалку стресна“

- Во Америка секој се чува себеси и секој се плаши да се вклучи во проблемите на другите. Таму би била толку осамена, ми вели таа. „Тука сум опркужена со овој топол заеднички меур и не би сакала да го оставам тоа“. Но, има и многу други нешта кои таа ги сака во врска со животот во Гана.

Храната е почиста, таа има финансиска слобода и воопшто се е помалку стресно, вели таа. Исто така чувствува дека прави вистински придонес за заедницата.

Училиштето се обидува да промовира позитивен имиџ помеѓу студентите, и ја учат африканската историја за да се гордеат со своето наследство.

Некои деца бесплатно се школуваат, а за други деца кои што не можат да си ја дозволат школарината таа наоѓа спонзори.

Како и г-ѓа Аидо, и Имакус Окофу не знаела многу за Африка пред да дојде во Гана, но нејзината причина за доаѓање немало никаква врска со сентиментите.

- Не дојдов во Гана затоа што нешто ме тераше да дојдам во Африка, ми рече таа. „Врз основа на она што ни го кажуваа и медиумите и сите други за Африка, последното место каде би сакала да бидам беше во Африка“.

Таа работела како туристички агент во Њујорк кога решила дека и треба искуство од Африка пред да предложи во агенцијата некоја нова туристичка дестинација.

Па на 50-годишна возраст таа дошла во Гана мислејќи на бизнис, но како дел од нејзината тура таа обрнала внимание на некогашен затвор за робови - и тоа и го променила животот.

Замокот Кејп коаст е една од тврдините за робови, кои биле изградени од европските трговци на западноафриканската обала.

Од Кејп коаст, и од други места, повеќе од 12 милиони Африканци биле товарени на бродови и пренесувани преку Атлантикот.

Времето не ги избришало гребаниците од црните ѕидови, или ја изветреало застоената смрдеа од затворските ќелии.

Токму таму Окофу го почувствувала вистинскиот хорор од она што им се случувало на нејзините претци.

- Шетањето по затворот беше навистина тарауматично. Постојано си размислував зошто некој би го правел ова? Не ни кажуваа ништо за ова, за ова ништо не чув на училиште. Тоа го знаев кога го преминав прагот и сфатив дека никогаш повеќе нема да бидам истата јас. И знаев дека Африка ќе биде мојот нов дом.

И тоа трае веќе 25 години.

Г-ѓа Окофу сега води хотел на брегот и повремено организира тури до затворот за робови. Таа исто е и водич за репатријација и им дава совети на оние Афроамериканци кои сакаат или веќе се преселиле во Африка.

Таа вели дека веќе има обемна заедница од нив Афроамериканци во Гана, или околу 300 само во нејзината област.

„И припаѓам во Гана“

Таа се сеќава на отпорот кој го добила по одлуката да се пресели во Гана, не само од семејството во Америка, туку и од самите Гнаци.

- Ме прашуваа: Зошто би ја напуштила Америка да дојдеш тука и да страдаш? А јас им одговарав: Ова е страдање? Бев сведок на времето на борба за граѓански права. За сето она што добивме во Америка моравме да се избориме. Не ја мразам Америка, но ниту пак ми се допаѓа. Ја сакам Африка.

И требало 50 години за да открие каде е всушност нејзиниот дом, но кога тоа се случило, Окофу немала дилеми каде припаѓа.

- Кога станав Американка? Кога дојдов на тлото на Америка? Не, јас се уште сум Африканка.

Четири од десет Африканци не го преживеале опасното патување преку Атлантикот, а оние кои преживеале биле преодредени на живот со тортура - и никогаш не се вратиле дома.

Стотици години подоцна, сега е можно едно поинакво враќање.

Некои од потомците на оние кои биле продадени како робови се уште чувствуваат силна поврзаност со Африка за тоа да ги натера да посакаат да ја напуштат земјата каде се родени и да се вратат на континентот на нивните претци, кои биле насила натерани да го напуштат.