Робин О’Нил: Никој не може да го доведе во прашање постоењето на Република Македонија

Никој не го доведува во прашање значењето на Македонија во грчката историја или тоа дека тој дел од современа Грција е дел од историското кралство Македонија. Но, еднакво на тоа, никој не може да го доведе во прашање постоењето на Република Македонија денес во рамки на нејзините меѓународно признати граници, вели поранешниот медијатор за името и амбасадор Робин О’ Нил.
Во интревју за програмата „Гласот на народот“ истакнува дека народот во Македонија се идентификува како македонски и има сопствен јазик, а од друга страна и дека Меѓународниот суд на правдата го поддржал правото на Република Македонија на користење на тоа име.
- Еден од елементите во непријателството што го демонстрираат грчките влади во однос на општото прифаќање на името на Република Македонија е нивната континуирана чувствителност во однос на Македонците кои живеат во северна Грција. Тоа оди рака под рака со нивната политичка убеденост дека историското наследство на Македонија и припаѓа на Грција, вели О’Нил како реакција на изјавата на грчкиот претсдетел Павлопулос дадена недодамна во Лерин.
Во однос на мислењето на Европската слободна алијанса (ЕФА), британскиот дипломат оценува дека ЕФА е во право.
- Македонското население во северна Грција фактички не претставува никаква закана за стабилноста на Грција и Република Македонија нема никакви побарувања во однос на грчката територија, како што постојано и повторува. ЕФА е сосема во право со тоа што го изјавува. Но, само поради таа неоснована чувствителност на грчката Влада во однос на Македонците во северна Грција, сериозна грешка е да се навлечете на тој терен. Тоа не е релевантно во однос на уставното име на Македонија“, истакнува О’Нил за програмата „Гласот на народот“.
Ново на Сител
-

Полицијата во Софија приведе 57 демонстранти, откриени ножеви, „боксирачи“ и пиротехника
-

Аљбан Кадриу, предложен за нов член на Судскиот совет
-

АВМУ го осуди насилниот упад во Инфомакс
-

Руте: САД ќе останат посветени на НАТО и покрај новата Национална безбедносна стратегија
-

Во Собранието пристигна предлогот за разрешување на Коцевски
-

Пожар во куќа на подрачјето на Шуто Оризари, при излегување на куќата сопственикот се здобил со повреди
-

Зголемен бројот на туристи и ноќевања, најмногу гости од Турција, Германија, Србија и Грција
-

Опожарено возило на подрачјето на Бит Пазар, нема повредени
