Роби Вилијамс повторно во битка со депресијата

Британскиот пејач Роби Вилијамс откри дека на почетокот на оваа година повторно имал исцрпувачки напад на депресија. Тој говореше за тоа во интервју за „Мирор“ (The Mirror).
На поп-пејачот првпат му била дијагностицирана депресија во неговите дваесетти години - кога се борел со зависности среде светската слава. Сега веќе 51-годишниот пејач кон крајот на минатата година призна дека повторно не се справува добро со некои случки во животот, на пр. со тоа што на неговата мајка Џенет ѝ била дијагностицирана деменција, четири години откако на татко му Пит му рекле дека има Паркинсонова болест. Како што почнала 2025 година, Роби станал свесен оти му се враќаат психичките проблеми.
-Годинава почна со некои проблеми со менталното здравје, коишто ги немав многу долго време. Бев тажен, вознемирен, депресивен. А, изминаа околу 10 години. Мислев дека сум се опоравил. Мислев дека тоа беше крајот на мојата приказна и дека само ќе шетам низ оваа прекрасна земја. Така што, враќањето беше, просто, збунувачки, изјави Вилијамс.
Прашан за неговите родители, Роби вели дека не знае како да се справи со „таа неверојатно сложена“ ситуација.
-Вистина е дека сум презафатен и не се справувам со оваа состојба како што треба. Навистина не знам како да го правам тоа... Оти тоа е неверојатно сложено нешто. Сепак, повеќе би сакал да не навлегувам во подробности. Да го кажам тоа вака: Сите ние сме луѓе, со свои тешкотии, па јас се обидувам да се справам со моите, појасни Роби.
Тој е в брак со Ајда која има слични проблеми со своите родители и болестите. Роби, исто така, говореше за земањето лекови за потиснување апетит и слабеење, сомневајќи се дека тоа можеби придонесува за неговите ментално-здравствени проблеми.
Последниот негов албум „XXV" е издаден 2022 година во чест на неговата 25-годишна солокариера. Таа збирка вклучуваше нови верзии на неговите најголеми хитови, како и неколку сосем нови песни. Последниот сингл на Роби Вилијамс е „Lost", којшто е дел од „XXV".
Ново на Сител
-

Војната во Иран може да предизвика прехранбена криза и нови бегалски бранови
-

Уапсени осум возачи за безобѕирно управување возило, еден од нив без дозвола возел возило кое претходно го украл
-

Започна распределбата на ваучерите за инвертер клими
-

Вештакот Ристески за „Онкологија“: Кај 12 пациенти дадена терапија спротивно на индикациите
-

За два денара поевтино гориво на повеќето бензински пумпи
-

Мицкоски на конгрес во Брисел
-

65-годишник приведен за кражба во џамија
-

Кривична за кичевецот кој лажно пријави дека има бомба во РЕК Осломеј за порано да замине од работа
