Фудбал
2. October 2017 - 21:10

Робен: Подобри тренинзи со „петлиња“ отколку со Анчелоти

Холандскиот интернационалец во дресот на Баерн Ариен Робен ја критукуваше работата на досегашниот тренер на „баварците“ Карло Анчелоти.
По серијата лоши резултати Анчелоти доби отказ. Неколку од главните ѕвезди на Баерн Робен, Рибери, Боатенг, Милер, Хумелс ја известија управата дека нешто не функционира во клубот и побараа италијанскиот тренер да биде отпуштен.
Робен беше најжесток во критиките:
- Подобри тренинзи има мојот син во „петлињата“ откако кај Карло Анчелоти.