РКЕ одлучи: Дизелот поевтинува, бензините остануваат со иста цена
Од полноќ нови цени на горивата, соопшти Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Македонија.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се намалува за 2,00 ден/лит, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 85,50 ден/лит.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, не се менуваат, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 83,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 85,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 2,50 ден/лит и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 81,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се намалува за 1,217 ден/кг и со тоа Мазутот М-1 НС изнесува 56,130 ден/кг.
Ново на Сител
-
Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене
-
Кривична пријава против измамник од Скопје, измамил две лица за над 100.000 евра
-
Владата ја усвои информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите
-
ММА признат како официјален спорт во Македонија
-
Серија земјотреси во подрачје на супервулкан во Италија
-
Во близина на граничниот премин Богородица пронајдени четири мигрантки, едната во бессознание
-
Украдени спомен бисти на Крсте Петков Мисирков и Ѓорѓија Пулевски и две бронзени бисти од гробиштата во Бутел
-
НБА: Мајкл Џордан стручен коментатор на Ен-Би-Си