РКЕ: Грејната сезона почнува на 15 октомври

Грејната сезона во Скопје за сите приклучени на мрежата за централно греење ќе почне на 15 октомври 2024 година, со исти услови како и претходно, односно со загарантирана температура од 21 степен Целзиусов и греење во периодот од 6:00 до 22:00 часот.
Како што информира денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ), доколку прогнозираната средна надворешна температура за следниот ден е еднаква или помала од 12 степени, тогаш грејната сезона може најрано да почне од 1 октомври и да заврши најдоцна до 30 април.
РКЕ апелира до станарите, односно заедниците на станари да ги проверат внатрешните инсталации и инсталациите во објектите и да ги подмират сметките за електрична енергија за топлинските потстаници. Во исто време РКЕ, како што се наведува, и со официјален писмен допис побара од снабдувачите со топлинска енергија информација за спремност за старт на грејната сезона.
- Согласно последната одлука од 1 август 2024, сметките за топлинска енергија за домаќинствата се пониски за 3,16 отсто, додека околу 1200 фирми, училиштата и институции кои се приклучени на централното градско греење ќе имаат пониска цена за 17 отсто, се вели во соопштението.
Ново на Сител
-

Од полноќ поевтин дизел, поскапување на бензинот
-

Казината и обложувалниците се селат на 500 метри од училиштата, усвоен Законот за игри на среќа
-

Подната фонтана на плоштадот се враќа во функција по повеќе од 10 години запуштеност
-

Пет колапси на жештините денес во Скопје, докторите апелираат да не се излегува од 11 до 17 часот
-

Остануваме најевтината земја кога станува збор за цените на горивата, продолжува поддршката за нови авиолинии - Мицкоски
-

Пронајдено безживотното тело на познат скопски бизнисмен Марјан Јованов во базен
-

УХМР од утре најавува пороен дожд, грмежи и локално невреме
-

Црвениот крст на град Скопје со мобилни тимови на терен поради најавените топлотни бранови
