Бизнис
29. August 2017 - 20:18

РКЕ го измени тарифникот за да се воведе дневна евтина тарифа на струјата

Регулаторната комисија го измени тарифниот систем со цел да се воведе евтина дневна тарифа на струјата.

Тој е веќе прераптен до Службениот весник во кој треба да се објави, по што дистрибутерот ЕВН на терен ќе може да ги измени тарифите на броилата на секое домаќинство.

Од компанијата велат дека софтверските подготовки за воведувањето на евтината тарифа се почнати и дека на новиот тарифник ќе се прилагодуваат околу 800 илјади броила.

Целиот зафат ќе се спроведе по реони и во зависност од отчитувачката група на корисникот. Во зависност од тоа ќе се знае и кои корисници кога ќе почнат да ја користат ефтината тарифа. Прилагодувањето на секое поединечно броило е мануелно, па така се очекува сите броила да бидат сетирани во текот на октомври, информираат од ЕВН.

Владата соопшти дека мерката ќе чини 8 милиони евра, за што ќе се прават заштеди во работата на државнуите ЕЛЕМ и МЕПСО и дека нема да предизвика поскапување на струјата.

Со измените се воведува дневна евтина тарифа за домаќинства, во периодот од 14 до 16 часот од понеделник до сабота, а како и досега, евтината тарифа ќе ја има и во недела во текот на целиот ден.