Ракомет
27. July 2015 - 14:26

РК Вардар ги почна подготовките за новата сезона

Ракометарите на македонскиот шампион Вардар денеска ги почнаа подготовките за новата сезона со неколку нови играчи во екипата. До почетокот на официјалниот дел во СЕХА лигата, вардарци ќе играат и на два турнири, во Кањижа и во Скопје.
 
Амбициите на „црвено-црните“ се пласман во Топ-8 во Европа и секако трофеите од домашните натпреварувања.
 
Патот до ТОП 8 во Лигата на шампионите во новата сезона ќе биде потежок, а ќе треба да се одиграат најмалку 14 натпревари во групната фаза пред да дојде разигрувањето за Ф4 турнирот.
 
Стартот на новата сезона во СЕХА лигата, со што ќе почне и официјално натпреварувачкиот дел за Вардар, е закажан за крајот на август. Дотогаш тимот ќе одигра неколку контролни натпревари вклучувајќи ги и настапите на двата турнира.