Ракомет
22. August 2015 - 9:14

РК Металург ја освои Бурса 2015

Ракометарите на Металург продолжуваат со успешните игри во подготвителниот период. 

Последниот успех е освојувањето на Нилуфер Куп 2015 во Бурса. 
Македонскиот клуб денеска славеше со 30:26 против екипата на Нилуфер, иако на полувремето имал негатива од 16:12, а триумфот беше доволен за потврда на првата позиција по триумфот над Мерзифон и ремито со Гезтепе во првото коло.
Најефикасен на денешниот натпревар повторно бил Божовиќ со 7 гола, додека Мраковчиќ го завршил дуелот со еден погодок помалку.