Loading Video...
Ракомет
18. October 2021 - 20:44

РК Еурофарм Пелистер пред голем предизвик против францускиот Ним

Утревечер во Битола со почеток во 20.45ч во рамките на Европската лига ракометарите на Еурофарм Пелистер  го пречекуваат  францускиот прволигаш Ним. 

Добра вест за македонскиот претставник е што  средбата ќе се игра пред полни трибини па со помош на фановите се најавува и победа на оваа средба:

- Со сигурност францускиот ракомет оди во нагорна линија, имаат многу квалитетни играчи на сите нивоа. Нè чека тежок меч, во кој мораме да бидеме многу прецизни, тактички добри. Ним е класична француска екипа, цврста и многу брза. Во одбрана комбинираат со 6-0 и 5-1. Доста користат брз центар и имаат брза транзиција, преку десно крило и бек кои доминираат. Во нападот не комбинираат премногу, играат добро еден на еден, што е карактеристика на Французите, а тие ја применуваат и во клубот. Се очекува натпревар со многу контакти, трчање и класично „тепање“ на теренот. Мора да бидеме спремни на малку поинаква игра, не каква што сме навикнати досега во Европа“ изјави на прес конференцијата првиот стратег на Еурофарм Пелистер, Жељко Бабиќ.