Ризична точка на литванско талент шоу

Многумина сакаат да гледаат талент-шоуа, бидејќи имаат можност да видат извонредни настапи, а ако се лоши, барем можат да се насмеат на илузиите кои некои луѓе ги имаат за своите способности.
Сето ова важи, ако со ваквите обиди за докажување не биде загрозен нечиј живот.
Така, гледачите на литванското шоу „Суперталенти“ беа сведоци на настап, што навистина е тешко да се гледа, кој деновиве се шири низ социјалните мрежи.
Во него самоуверен фрлач на ножеви ги покажува своите „вештини“. Откако му било тешко да ја погоди зголемената карта и лубеница, веројатно било време некој да го прекине, но тоа никој не го сторил, па тој го насочил ножот кон неговиот помошник.
Од сета оваа „манифестација на талент“ помошникот се здобил со неколку повреди, а ако се има предвид ваков фрлач на ножеви веројатно тоа бил негов среќен ден.
Ново на Сител
-

По повод 1 Мај дел од паркиралиштата во Скопје бесплатни за граѓаните
-

САД бараат директни преговори Израел–Либан во услови на кревко примирје
-

Штрајк и протести во Грција по повод Денот на трудот
-

Трамп најави можност за повлекување на американските трупи од Италија и Шпанија
-

За продолжениот викенд автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје
-

Променливо облачно и посвежо, до 16 степени
-

Славески: Подготвени сме да одговориме на ризиците и да ја зачуваме финансиската стабилност
