Ривалдо не може да го замисли Меси во дресот на Интер
Легендарниот бразилски фудбалер, Ривалдо во интервју за бразилските медиуми зборуваше за статусот на Аргентинецот Лионел Меси во Барселона и за неговото можно напуштање на клубот од „Ноу Камп“.
Во последниот период многу се пишуваше дека Интер е заинтересиран да го доведе Меси во своите редови.
Односите меѓу фудбалерот и челниците на Барселона не се сјајни, па тоа им даде надеж на „Нероазурите“ дека можат да дојдат до неговиот потпис.
Сепак Ривалдо смета дека Меси нема шанси да го одбере Интер како своја следна дестинација во кариерата.
„Екс-претседателот на Интер, Масимо Мората изјави дека Меси би можел да дојде во тој клуб, но јас не верувам во тоа, Мислам дека не би ја напуштил Барселона поради друг европски клуб. Ако веќе реши да замине, би можел да потпише за некој кинески клуб или да отиде во МЛС лигата. Дури и трансферот во Интер да е финансиски исплатлив за него, не верувам дека би бил заинтересиран“ – рече Ривалдо.
Ново на Сител
-
ЦУК: Можни излевања и проблеми во градовите ако има поројни дождови
-
Кривичен: Oдложени следните две рочишта за случајот со убиствата на Вања и Панче
-
Муниција и експлозив пронајдени во дом во Козле, поведена истрага против едно лице
-
Премиера на филмот што го однесе Алек Болдвин на судење за убиство
-
Кривична пријава против шест затворски полицајци за „овозможување бегство на лице лишено од слобода“
-
Поплави ширум Црна Гора
-
Агелер: Немате поголем поддржувач и партнер во остварување на вашите цели од САД
-
Еминем преку видеоспот објави дека ќе стане дедо