Фудбал
27. January 2019 - 8:51

Ристовски со Спортинг го освоија трофејот во Лига купот

Стефан Ристовски со Спортинг го совлада Порто во финалето од Лига купот, „лавовите" во последните мигови од регуларниот дел изедначија на 1-1 а потоа беа попрецизни во пенал серијата.

Спортинг втора година по ред се радува на трофејот од Лига купот на Португалија, вечерва во големото финале ја доби пресметката со лутиот ривал Порто.

Популарните „змејови“ беа на прагот на победата откако поведоа со голот на Фернандо во 79. минута од мечот, но во последните мигови од регуларниот дел, со помош на ВАР, судијата досуди најстрога казна за Спортинг, а Баст Дост погоди од белата точка за 1-1.

Победникот беше решен во пенал серија, каде „лавовите“ ја задржаа концентрацијата, погодија три, за разлика од Порто, каде само Алекс Телеш шутираше прецизно.