Ракомет
10. April 2016 - 21:00

Ристовски: Да се сплотиме и да останеме силни

На денешниот натпревар голманот Борко Ристовски, го отстапи местото на Митревски, а влезе само да брани седмерци и сепак запиша две одбрани.

За актуелната ситуација околу оставката на претстедателот Живко Мукаетов тој истакна:
- На Македонија и треба човек како него. На Македонија и требаат луѓе како него успешни. И треба да се сплотиме да останеме силни, по оваа „неправда“ која ни се случи, за која сме ние самите најмногу криви. Да се наедавме дека ќе бидеме заедно и ќе се радуваме на успесите заедно, дека доаѓа нова генерација. Верувајте треба на таа генерација да и се даде шанса на големо натпреварување.