Ристова: ВМРО-ДПМНЕ бесрамно излажа и ширеше паника дека во државата има отровен зеленчук
ВМРО-ДПМНЕ го проби дното кога е во прашање пласирање на лажни вести и дезинформации.
Цел викенд партијата предводена од Христијан Мицкоски бесрамно и скандалозно лажеше дека на македонскиот пазар, на македонските трпези има отровен зеленчук.
Со тоа, оваа партија свесно ширеше паника и предизвикуваше вознемиреност кај граѓаните.
Таквите скандалозни тврдења, се покажаа како целосно невистинити.
Во Македонија во продажба нема зеленчук или овошје од увоз што не се безбедни за консумирање и тоа е потврдено согласно стандардните процедури на надлежните институции.
Со тоа се демантира уште една лага од Белата палата која единствено за цел имаше да создаде паника кај граѓаните и недоверба кон институциите.
Сето ова не е ништо ново, така ВМРО-ДПМНЕ се однесуваше и за време на корона пандемијата, така се однесуваше и за време на најголемата светска и енергетската криза.
За сите изнесени лаги Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш не собраа храброст да ѝ се извинат на јавноста.
Истото го гледаме и сега, наместо извинување, ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги надоградува лагите што веќе се демантирани.
Ова е класичен пример за неодговорност кон сопствените граѓани кон сопствениот народ, доказ дека партијата предводена од Мицкоски не се грижи ниту за своите сограѓани, ниту за својата држава.
Деструкции, блокади, свесно пласирани лажни вести, тоа е се што знае и може ВМРО-ДПМНЕ.
Прес-конференција, Лолита Ристова, пратеничка на СДСМ
Ново на Сител
-

Приведени 10 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана за управување возило
-

Лига Нации: Македонските фудбалери на стартот дома со Швајцарија, на крајот дома Словенија
-

Три пријави за физички напади врз партнерки пријавени на скопската територија
-

Кривична за 40-годишник за неовластено влегување во компјутерски систем, кривична против кочанчанец
-

Кон крајот на денот врнежи од дожд и ветер од северозападен правец
-

Мицкоски на средба со раководството на 4IG, пакет од 100 милиони евра инвестиции во телефонијата, вештачката интелигенција и енергетиката
-

Инфлацијата во јануари годинава во однос на декември лани е - 0,7 проценти, во групата Транспорт - 9,3
-

ЗОИ 2026: Втор настап на Ставре Јада на Игрите
