Ристова: Осум милиони евра исплатени кон граѓаните во првите три месеци преку мерката Мој ДДВ
Владата предводена од СДСМ останува посветена на реализација на мерките кои обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните.
Една од успешните мерки со кои државата исплаќа пари директно на сметките на граѓаните е мерката Мој ДДВ која се спроведува веќе трета година.
Во првото тромесечје назад кај граѓаните исплатени се 491,5 милиони денари, односно близу осум милиони евра.
Во време на светска економска криза важен е секој денар плус што завршува во семејните буџети.
Освен што обезбедува дополнителни приходи за граѓаните, мерката Мој ДДВ е важна и за унапредување на даночната дисциплина.
За успешноста на оваа мерка говори и фактот дека досега се регистрирани над 457.000 корисници, а само во првите три месеци од годинава регистрирани се 15.777 нови корисници.
Заштитата и унапредување на животниот стандард се врвен приоритет на Владата предводена од СДСМ.
Во време на светска економска криза преземаме низа мерки кои обезбедуваат повисоки плати и пензии и помали трошоци за граѓаните.
Минималната плата ја зголемивме на 18.000 денари, а од септември следува рекордно зголемување на пензиите согласно новата методологија.
Со 26 антикризни мерки вредни 400 милиони евра успеавме да ги намалиме месечните трошоци на семејствата.
Како одговорна партија продолжуваме да реализираме мерки и политики што значат вистинска грижа за сите категории граѓани.
Прес-конференција на СДСМ, Лолита Ристова, пратеничка на СДСМ
СДСМ – Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-

Осумнаесет натпревари од ЛШ во една вечер
-

Бруно Фернандеш заминува од Манчестер Јунајтед?
-

Џихан Ахмед ја повлече кандидатурата за член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација
-

Филипче: Поддршка за протестот на ССМ, но организирана партиска поддршка нема да дадеме
-

Нивото на водата во Охридското Езеро 15 сантимери над месечниот просек
-

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради најавениот протест на ССМ
-

Пронајдени пет килограми марихуана во Скопје | ВИДЕО
-

Македонија се сеќава на холокаустот: „Сеќавањето е трајна морална обврска”
