-->
-->
Ристоски: Ние го остваривме нашиот најдобар резултат
-->

Македонската одбојкарска репрезентација оваа сезона Европската лига ја заврши на втората позиција откако синоќа во финалето беше совладана од Словенија со 3:0 во сетови. Серијата добри игри особено во финишот го донесоа овој најдобар резултат за нашиот одбојкарски состав.
- Им честитам на Словенците за победата. Пред дуелот стравував единствено од нивниот добар сервис. За жал тие имаа ден, а ние имавме потешкотии во приемот. Сепак ова е наш најдобар резултат и јас сум горд на моите играчи, изјави селекторот на Македонија Жарко Ристоски.
Честитките за добриот настап на Македонија стигна и од селекторот на Словенија, Андреа Џани прославениот италијански одбојкар.
- Македонија е добар тим и во полуфиналето одигра навистина добро. Но, и ние ја посакувавме победата. Им честитам на моите одбојкари бидејќи по многу напорна работа сезонава, ја постигнавме нашата цел.
Во изборот на најдобриот тим на завршниот турнир се најдоа и двајца македонски одбојкари: Јовица Симовски и Никола Ѓорѓиев, а покрај нив се уште и: Дејан Винчич (Словенија), Јан Новаковски (Полска), Ардо Крек (Естонија), Клемен Цебуљ (Словенија) и Дамјан Војташек (Полска).
Признанието МВП (најкорисен) играч го доби Винчич од Словенија, додека Македонија ја освои наградата за фер плеј.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ со манипулации прави лажен проевропски имиџ
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со г. Георгиј, митрополит Дебарско-кичевски
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
