-->
-->
Рио 2016: Светски рекорд во фрлање кладиво
-->
На 10.тиот натпреварувачки ден на Игрите во Рио беше поставен и еден светски рекорд. Атлетичарката на Полска Анита Влодарчик го освои златниот медал во дисциплината фрлање кладиво на Игрите во Рио откако во финалето во третата серија имаше фрлање со должина на светски рекорд 82.29 метри. Со тоа таа го подобри сопствениот светски рекорд за еден метар и 21 сантиметар. Среброто и припадна на Жанг Венгксиу од Кина која најдобар резултат оваа сезона – 76.75 метри, додека „бронзената“ Софи Хичон од Велика Британија постави национален рекорд – 74.54 метри.
Во дисциплината 3.000 метри стиплчез кај жените Рут Јебет од Брунеи единствена истрча под 9 минути (8:59.75 минути) и го освои златниот медал. Среброто и припадна на Кијенг Јепкемои од Кенија, која беше 51 стотинка подобра од Американката Ема Кобурн.
Во маратонското пливање (10 километри) во „Форт Копакабана“ најбрза беше Шарон Ван Рувендал од Холандија со време 1:56.32.1 час, пред Рашела Бруни од Италија и Полиана Окимото од Бразил.
На натпреварот во коњички спорт дресура победи Британката Шарлот Дуџардин, пред преставничките од Германија Изабел Верт и Кристина Броринг – Спрехе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Луксембург единствена држава во ЕУ каде жените се поплатени од мажите
-
Антикорупциска нема основ за поведување постапка против директорот на АНБ, Бојан Христовски
-
Отстранети неколку диви депонии во Чаир, Карпош, Ѓорче Петров и Аеродром
-
ЦУ: Спречен шверц на злато, лекови и фотоапарати
-
Еден од двата лифта расипан во МРТВ, ред се чека 40 минути | ФОТО
-
Руски брод потона по експлозија
-
Снег и ветер го блокираат Балканот: Патувајте само ако е неопходно
-
Шпанија: Откриени компании кои увезле 2.000 тони фалсификувана стока во ЕУ