-->
-->
Рио 2016: Победи за полуфинале за Црна Гора и Србија
-->
Ватерполо репрезентациите на Црна Гора и на Србија изборија пласман во полуфиналето на ватерполо турнирот на Игрите во Рио притоа елиминирајќи ги првопласираните селекции од групите: Унгарија и Шпанија.
Во првото четвртфинале Црна Гора по изведувањето пенали ја победи Унгарија. Во регуларниот дел натпреварот заврши 9:9, а на пенали беше 4:2 за Црна Гора. Во полуфиналето Црна Гора ќе игра против победникот од дуелот Бразил – Хрватска.
Во вториот четвртфинален дуел европскиот и светски шампион Србија ја победи Шпанија со 10:7. Репрезентацијата на Србија во текот на целиот натпревар имаше контрола над резултатот. Србија во полуфиналето ќе игра со победникот од четвртфиналето меѓу Грција и Италија.
Вторите два четвртфинални дуели се играат вечерва: Бразил – Хрватска (почеток 20:10 часот) и Грција – Италија (21:30 часот).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Масовна посетеност на струшката литија
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори
-
ЕУ одблизу го следи изборниот процес, очекува идната Влада да биде посветена на европскиот пат
-
Растат трошоците за живот