Спорт плус
19. August 2016 - 12:19

Рио 2016: Хрватската Сара Колак сензационална победничка во фрлање копје

 
 
Хрватската атиетичарка Сара Колак направи вистинска сензација со освојувањето на златниот олимписки медал во фрлање копје. 
 
21-годишната Колак до златото стигна во четвртата серија во која фрли 66 мерти и 18 сантиметри. 
 
Ваквото постигнување на Колак беше далеку подобро од конкурентките за златото. 
 
Освојувачката на среброто Сунет Вињоен од Јужна Африка фрли 1 метар и 26 сантиметри пократко, додека актуелната светска рекордерка Барбора Шпотакова од Чешка беше пократка за 1 метар и 38 сантиметри, а дури 7 метри и 48 сантиметри послабо од нејзиниот рекорд. 
 
Златото на Колак за Хрватска е пето на игрите во Рио, а вкупно 7 медал за спортистите од оваа земја, која на листата на освојувачи на медали котира на високото 15.место. 
 
Први се Американсците со вкупно 100 освоени медали (35 златни, 33 сребрени и 32 бронзени), пред спортистите од Велика Британија 56 (22, 21, 13) и Кинезите кои досега собраа 58 медали (20, 16, 22).