-->
-->
Рио 2016: Хрватска го совлада европскиот шампион Шпанија
-->

Кошаркарите на Хрватска го направија првото големо изненадување на кошаркарскиот турнир и во дуелот од првото коло од групата Б го победија европскиот првак Шпанија со 72:70. Во поголемиот дел од натпреварот Шпанија имаше и водство кое во неколку наврати беше и со двоцифрена разлика, но упорните Хрвати најдоа начин да дојдат до победата.
Триумфот го навести Бабиќ на шест и пол минути до крајот кога во контра со забивање донесе водство за Хрватска. Потоа Симон „пресече“ еден пас на Шпанците и водството беше зголемено. Миротиќ кај Шпанија со „тројка“ намали на 71:70, а на 12 секунди до крајот Шариќ погоди едно слободно фрлање. Во последниот напад токму Шариќ го изблокира шутот на Пау Гасол за изедначување.
Богдановиќ кај Хрватска со 23 поени беше најефикасен. Гасол кај Шпанија постигна 26 поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Инспекцијата утврдила повисоки маржи во дел од маркетите, Мицкоски вели дека тоа нема да го толерира
-

Златни денови на Кратово
-

Тема на денот со Татјана Алексиќ, професорка
-

Преглед на вестите од светот
-

Локализиран пожарот на Исарот во Штип
-

Пожари во Пробиштипско
-

Голем пожар кај Пробиштип, евакуирани неколку села
-

Напаѓачите на 14-годишникот во Ченто осомничени за насилство врз дете
