Римските војници му ја отсекоа главата, денеска се празнува овој свет маченик

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 16 октомври.
Денеска е Св. маченик Лонгин.
Во Христово време, Лонгин беше капетан во римската војска. Поверува во Христовата божественост, наоѓајќи се како старешина на стражата под Господовиот крст. Кога Евреите сакаа да го убијат заради неговата вера во Христа, тој тајно го напушти Ерусалим и се пресели во Кападокија, па на имотот на својот татко. Но, Евреите го наклеветија пред Пилат и овој испрати војници да го погубат. Кога војниците наближија, тој им излезе во пресрет, ги прими во домот и ги нагости, а утрото им кажа дека е оној кого го бараат. Војниците се збунија и се засрамија и не сакаа да го погубат, но Лонгин настојуваше да ја извршат наредбата на својот старешина. Тогаш војниците му ја отсекоа главата. Така пострада овој сведок на Христовиот живот и воскресението.
Ново на Сител
-

АХВ по повод Денот против беснило: Домашните миленици редовно да се носат на вакцинација и да бидат микрочипирани
-

Возач со „ауди“ удрил малолетен пешак и тешко го повредил
-

Најладно во Берово, измерен еден степен, температурата до 26 степени
-

Истекува мерката со која ДДВ за дизелот беше намалено од 18 на десет проценти
-

Сиљановска-Давкова ќе учествува на 22. Европски самит во Салцбург
-

Американската армија целосно се повлече од Ирак
-

Во напади врз Харков и Киев повредени повеќе од 25 луѓе
-

Променливо облачно со сончеви периоди
