-->
-->
Рим: Во конфискуваната стока на дилер на дрога пронајдени две слики на Ван Гог
-->

Две слики на Ван Гог, со непроценлива вредност се откриени денеска меѓу останатите запленети добра на дилер на дрога од неаполската мафија Камора, соопшти италијанската полиција.
Полицијата наведува дека сликите се украдени од познатиот меѓународен музеј во Амстердам.
Сликите се украдени во 2002 година. Иако при кражбата се извадени од рамките тие за изминатите 14 години не претрпеле видни оштетувања, објави полицијата непосредно по нивното враќање во музејот.
Сликите „Конгрегацијата ја напушта Реформираната црква во Нојен“ и „Поглед на море во Шевенинген“ се изработени на почетоците на творештвото на Ван Гог.
Запленетата стока е во вредност од повеќе од десетици милиони евра, додава италијанската полиција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Уапсен 28-годишник од гостиварско, пронајдени кокаин и марихуана
-

Светски ден на менталното здравје: Барањето помош не е слабост, секој човек заслужува да биде слушнат и разбран
-

Изложба по повод 80 години од пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во Скопје
-

Трамп: Норвешка има „неизбришлива дамка“ зашто не ми додели Нобелова награда за мир
-

Анкета на МКД.мк: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски и натаму во убедливо водство
-

Киев со остри критики по одлуката на САД да ги ублажат санкциите за рускиот дизел
-

Прогласена „голема катастрофа“ во Панама по силниот земјотрес со магнитуда од 7,7 степени
-

На парламентарните избори во Србија ќе учествуваат 18 партии и коалиции
