Македонија
26. July 2019 - 16:04

Рикер до опозицијата: Не е време за политички игри!

Не е време за политички игри со иднината на граѓаните. Помошникот државен секретар на САД со јасна порака од Скопје. Предлог законот за јавното обвинителство кој го состави Владата е добра основа – опозицијата да покаже конструктивност и да се качи на бродот кон ЕУ и НАТО

Рикер го истакна Договорот од Преспа како добар модел за надминување на спорови. Ја пофали владата за спроведените реформи и резултатите во економијата. Побара транспаренти истраги и демонстрација на владеењето на правото.
Премиерот Заев изрази надеж дека земјава оваа есен ќе ги реализира своите стратешки цели. Рече дека заедно со опозицијата работеле на реформите но заглавиле на законот за јавното обвинителство. По вчерашната порака дека законот може да се донесе на посакуван и непосакуван начин, Заев денеска дообјасни. Консензус според него е посакуваната варијанта. Што е непосакувано, премиерот вели дека не знае.

Власта и опозицијата се уште се далеку од договор за новото законско решение за обвинителството. Според него, СЈО заминува во историјата и се претопува во новото обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција кое дополнително ќе добие и финансиска независност.
Предлогот Законот за јавното обвинителство веќе е во Собранието. За да биде изгласан ќе биде потребно двотретинско мнозинство од 80 пратеници.