-->
-->
Ријека во шампионска форма
-->
Лидерот на табелата во хрватското фудбалско првенство ФК Ријека потврди дека е подготвена за напад на шампионската титула откако одлично ги одработи а подготовките во Португалија, а македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Леонард Жута веќе се закитија со пехар во 2017 година.
Со победа во финалето од 3:0 против Јаблонец, лидерот во хрватското првенство го освои Атлантик купот. Ристовски, кој е прогласен за најдобар десен бек во Хрватска играше цел меч, додека Жута остана на теренот 85 минути, пред да биде заменет.
Во ХНЛ напролет ќе се бие жестока битка за шампионската круна, а Риека ќе стартува од пол-позицијата, во обидот да се урне страшната доминација на главниот конкурент Динамо загреб. Популарните „модри“ 11 пати по ред се прваци на Хрватска, но имаат 6 бода помалку од Ристовски, Жута и соиграчите, пред стартот на пролетниот дел на шампионатот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пристапноста и натаму проблем за лицата со попреченост
-
Преглед на вестите од светот
-
По изборите одлука на Уставен за Законот за јазиците
-
Над 20 судии, обвинители и адвокати за судиското место во Стразбур
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-
Средба Мицкоски - Таравари ќе има, Ахмети не разговарал со Алијанса за општини
-
Фетаи со честитка за „Слободна зона Карадак„ - Избриша видео со знаме на голема Албанија
-
Мерките завршија, граѓаните стравуваат од нагло поскапување во маркетите