„Ричард Трети“ в недела премиерно во Народниот театар-Штип
Актерите на Народниот театар-Штип при Центарот за култура „Ацо Шопов“ в недела во 20 часот првпат ќе ја изведат претставата „Ричард Трети“ од Вилијам Шекспир, а во режија на познатиот бугарски професор Пламен Марков.
Директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“ Миле Вратеовски на денешната прес-конференција истакна дека актерите и режисерот Марков имале одлична соработка.
- Огромна благодарност до целиот тим, до режисерот за феноменалната соработка, за овој исклучителен период на работа. Познавајќи го начинот на работа на професорот Пламен Марков инсистирав не само да се постави Шекспир во Штип, инсистирав да биде тоа човек кој најдобро го работи тоа, рече Вратеовски.
Бугарскиот режисер Марков забележа дека штипската публика ќе може да види одлична театарска претстава и покрај тоа што, како што рече, тешко е да се работи со екипа која нема традиција за да го изведе Шекспир на сцената.
- Јас сум тука речиси четири месеци. Баравме повеќе варијанти како да ја направиме претставата најдобра. Сега спокојно можам да ја поканам публиката на Штип и на цела Македонија да ја видат претставата, рече Марков.
Улогата на Ричард Трети ја игра актерот Иван Калшев, кој е роден во Скопје, а завршил во класата на режисерот Марков. Останатите улоги во новата претставата на штипскиот Народен театар ги играат Миле Вратеовски, Раде Рогожаров, Милорад Ангелов, Владимир Тулиев, Пеце Ристевски, Виктор Арев, Стојан Арев, Анѓелка Нашкова, Марија Минчева–Андонова, Елена Шорова–Дербов, Кристина Атанасова –Арсова, Валентина Ѓеоргиевска, Лазарчо Георгиев, Петар Јанев и Емилија Ристевска.
Сценографијата и коститмите се на Мира Коланова, a музиката е на Калин Николов.
Ново на Сител
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлог на обвинителката Ленче Ристовска
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-
МОН ги објави конкурсите за стипендии во странство, од оваа година под нови услови
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлогот на обвинителката Ленче Ристовска
-
Случајот со обвинителот Коцевски под лупа на САД, Правда го подготвува предлогот за разрешување
-
СДСМ: Процес на партизација наместо реформи
-
Нова кривична пријава против екс-директорот на Лотарија Перпарим Бајрами кој исто како и Артан Груби е во бегство
-
Одлуките за замрзнати цени и маржи стигнаа до Службен весник