Македонија
23. September 2023 - 16:38

Рибокрадците го пустошат Охридското Езеро

Охридското Езеро оставено на милост и немилост. Рибокрадците неконтролирано го пустошат рибниот фонд. Еколозите со години алармираат дека ендемичните видови риби се на работ на исчезнување. За надминување на проблемот тие предлагаат со Охридското Езеро да стопанисуваат општините Охрид, Струга и Поградец.

Невладините пак, сметаат дека потребен е посериозен пристап, соработка и формирање на еко-ренџерска служба за заштита на пастрмката, белвицата и крапот. На пазарот на црно се продаваат ендемичните видови риби.

Инаку во март годинава беше распишан тендер за издавање на Охридското Езеро под концесија за стопански риболов, беше избрана фирмата „Еко свест“ од Струга, но не склучија договор.