Фудбал
15. September 2015 - 14:32

Рибери се враќа до Нова Година

Фудбалерот на Баерн Минхен, Франк Рибери, до крајот на годината ќе се врати на терените, рекол извршниот директор на клубот Карл-Хајнц Румениге. Рибери не е во составот на Баерн од март годинава, кога на мечот со Шахтјор ја обнови повредата на скочниот зглоб.
 
Баерн во март го декласираше Шахтјор во реванш мечот во Лигата на шампионите, но остана без Рибери кога лекарите тврдеа дека фудбалерот за неколку денови ќе се врати во тимот, шест месеци подоцна никој во клубот не може со сигурност да тврди кога поранешниот француски репрезентативец ќе му се стави на располагање на тренерот Гвардиола.
 
„Сега е средина на септември и мислам дека до крајот на година Рибери повоторно ќе биде на теренот. Важно е што е воспоставена вистинска дијагноза, не сум песимист мислам дека во блиска иднина тој повотрно ќе игра. Секако тоа не значи дека тоа ќе биде за една или две недели“, изјавил Румениге за британските медиуми.
 
Инаку неодамна Рибери изјави дека е многу нервозен, бидејќи неговата рехабилитација трае предолго.
 
Местото на Рибери во тимот го пополни засилувањето од Шахтјор, Даглас Коста, кој одлично се вклопи во играта на Баерн. Германскиот шампион новата сезона ја започна со четири победи во Бундеслигата, а в среда во Атина, против Олимпијакос ќе ја започне и сезоната во Лигата на шампиони.