Рибари во торба пронашле 54 отсечени човечки дланки: Во Русија почнале да кружат разни верзии за ова, но последната е најужасна
Торба со 54 човечки дланки била откриена на реката Амур кај градот Хабаровск, на истокот на Русија. Дланките ги пронашле локални рибари. Како што пишува "RT", еден од нив згазнал на дланка која "ѕиркала" од замрзнатото тло.
Рибарите веднаш повикале полиција, која сега го истражува случајот. Иако на социјалните мрежи кружат разни верзии и приказни, руските медиуми објавиле дека полицијата досега открила дека се работи за медицински остатоци, поточно биолошки отпад, и дека рацете не се последица од никакви тестови над луѓе, ниту имаат врска со канибализам, сериски убиец или масовна продажба на човечки органи.
Локалните медиуми пишуваат дека дланките би можеле да припаѓаат на лешови од неидентификувани луѓе, некои мислат дека дланките се исечени од лешови за полицијата да биде спречена во идентификувањето. Имено, кога во мртовечницата ќе дојде личност чиј идентитет не е познат, најчесто им се сечат дланките за да се земат отпечатоци од прстите.
Постои сомнеж дека станува збор токму за тоа, а таа теза ја поддржува и фактот во близина на торбата со дланки се пронајдени завои и медицински заштитни навлаки за чевли.
Според законот, таков отпад морало да се кремира или да се закопа во специјална гробница.
Ново на Сител
-
Курти: Прво Бриселскиот, а потоа и Вашингтонскиот договор
-
Белата ајкула-дух пронајдена во близина на островот Сазан во Албанија го воодушеви светот
-
Јапонија најави 61 милијарда евра за домашната индустрија за чипови
-
44-годишна жена ги нападнала сопругот и свекорот
-
Тројца скопјани физички нападнале 11 Турци во угостителски објект во Центар
-
Куче намириса 2 килограми кокаин на скопскиот аеродром | ВИДЕО
-
Мицкоски: Фокусирани сме на вистински капитални инвестиции
-
Ја голтнал дрогата што ја купувал кога видел полиција па завршил во болница