-->
-->
Рибар се удавил во Вардар додека ги местел мрежите
-->
Вчера во 15.40 часот било пријавено дека во близина на с.Миравци, гевгелиско, на место викано „Три тополи“, додека В.М.(19) и В.Ѓ.(56), двајцата од с.Миравци, местеле мрежи во р.Вардар, В.Ѓ. паднал во водите на реката и потонал, соопштуваат од МВР.
Во 19.15 часот тој бил понајден и извлечен од реката.
Како што информираат од МВР од страна на лекар од Итната медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт.
Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од Полициската станица Гевгелија.
По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа
-
37 годишник го запалил мостот „Беласица“, лежи во затвор за тешка кражба