РФМ: Македонија треба да биде горда, бидејќи има светла ракометна иднина
Нашето мундијалско патување заврши, со насмевки и исполнети срца го напуштивме Вараждин. Македонија треба да биде горда, бидејќи има светла ракометна иднина, сподели Ракометната федерација на Македонија (РФМ) по завршувањето на нашиот настап на Мундијалот.
Машката ракометна репрезентација на Македонија во конкуренција на 32 селекции го освои 15. место на Светското првенство. Шампионатот го заврши со две победи (Катар и Гвинеја), две ремија (Унгарија и Австрија) и два порази (Холандија и Франција).
-Честитки до ракометарите и до стручниот штаб за одличните игри против силните противници. Видовме борбена и храбра игра. Нашите момци покажаа како треба да се игра за националниот дрес. Македонската репрезентација доби нов лик, новата генерација изгради сопствен идентитет. Процесот на смена на генерацијата не беше лесен, но трпеливо чекоревме кон градење на цврсти темели за нови успеси во спортот број еден во Македонија. Голема благодарност до сите кои дел од оваа мундијалска приказна, секоја ваша поддршка беше мотив плус на теренот. Само сплотени можеме да придонесеме за подобро утре, соопштија синоќа од РФМ.
Ново на Сител
-
Еуроактив: Нема преговори меѓу Софија и Скопје, македонската влада сепак дава шанса на дијалогот
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран нов Виш обвинител во скопското обвинителство
-
Нова компресорска станица на скопските клиники
-
Безбеден интерент за младите
-
Во ера на дигитализација младите не спортуваат
-
Телешко месо во месарите по цена од над 800 денари за килограм, а фармерите со „кратки ракави“
-
Преглед на вестите од светот