РФМ ќе одржи редовно Изборно собрание на кое ќе се бира нов претседател
Ракометната федерација на Македонија за првиот ден од месец март ќе го одржи редовното Изборно собрание, на кое меѓу другото ќе се бира и нов претседател.
Собранието ќе се одржи во просториите на Советот на град Скопје, со почеток од 12:00 часот, а покрај изборот на нов прв човек на федерацијата на дневен ред ќе бидат уште дванаесет точки.
„Врз основа на член 23, а во согласност со член 28, 30, 32, 34 и 35 од Статутот на РФМ, Управниот одбор на ден 23.12.2024 година, донесе Одлука за одржување на Изборно Собрание на Ракометна Федерација на Македонија на ден 01.03.2025 година, со почеток во 12.00 часот во просториите на Советот на Град Скопје“, стои во објавата на РФМ.
Живко Мукаетов по два мандати заминува од претседателската позиција во РФМ. Додека тој е на функцијата, машката ракометна селекција бележеше големи успеси и ниеднаш не пропушти големо натпреварување.
Ново на Сител
-
Уапсен 62-годишник од Штип, физички ја нападнал снаата
-
Пронајдени две ловечки пушки и муниција при претрес на возило
-
18-годишна девојка од Скопје се оддалечила од својот дом
-
Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО
-
Коло на гостите Шкендија на лидерската позиција
-
Без струја утре дел од општините Бутел и Карпош
-
Без вода утре дел од Центар
-
Почина 21-годишен осуденик, имал знаци на труење