Фудбал
11. April 2018 - 11:08

Реванш полуфинални средби во Купот на Македонија

 
Во фудбалскиот Куп на Македонија, попледнево ќе биддат одиграни реванш полуфиналните натпревраи, по кои ќе се знае кои две екипи ќе се борат за трофејот. 
 
Во Тетово од 15 часот ќе стартува дуелот на градските ривали Ренова и Шкендија кои на првата средба одиграа без победник 1-1.
 
Еден час подоцна (16) својот реванш дуел ќе го започнат Академија Пандев и Пелистер, в во него гостите ќе влезат со предност од 2-1 остварена на мечот во Битола. 
 
Финалето е предвидено за 9 мај 2018 година