Ретки минерали, електрични возила и коњак: Кина и ЕУ близу до компромис
Кина е подготвена да го забрза процесот на разгледување и одобрување на извозот на ретки минерали за компании од Европската Унија, соопшти денеска кинеското Министерство за трговија.
Во соопштението се наведува дека до 5 јули Пекинг ќе донесе одлука во врска со царините за увоз на алкохолни пијалаци од ЕУ. Истовремено, завршна фаза достигнале и консултациите околу цените на електричните возила произведени во Кина што се продаваат на европскиот пазар, но за постигнување договор се потребни дополнителни напори.
На овие теми во вторникот во Париз разговарале кинескиот министер за трговија Ванг Вентао и еврокомесарот за трговија Марош Шефчович.
Во април Кина го запре извозот на широк спектар ретки минерали кои се клучни за автомобилската, авионската и полупроводничката индустрија, како и за воената индустрија.
Кина и Франција се согласија економските и трговските спорови да ги решаваат преку дијалог и консултации, соопшти кинеското МНР по разговорите меѓу министрите за надворешни работи на двете земји.
Овие денови се забрзани и разговорите за увозот на француски коњак – прашање што ги влоши односите, откако Кина воведе антидампинг-мерки со царини до 39 отсто на увозот на алкохол од ЕУ, при што францускиот коњак беше најпогоден. Мерките уследија по одлуката на ЕУ да воведе заштитни мерки за европската автомобилска индустрија против увоз на кинески електрични возила.
Одлуката за судбината на овие кинески царини неколкупати беше одложена – прво требаше да се донесе до јануари, потоа до април, а сега до 5 јули.
Ново на Сител
-
Гутереш го повика Израел да го запре проектот за населување на Западниот Брег
-
Конференција „Иднината на лозарството: Иновации, стандарди и одржлив развој“
-
Ким ги поздрави севернокорејските команданти и војници кои се вратија од рускиот Курски регион
-
ОН: Бројот на неухранети деца во Газа од март е зголемен тројно
-
Апелациски суд во САД дозволи депортација на 60.000 имигранти од Хондурас, Никарагва и Непал
-
Џ. Д. Венс: Европа мора да го понесе лавовскиот дел од товарот за безбедноста во Украина
-
Поради пожар забрана за сообраќај на регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
Седница на Националната комисија за УНЕСКО во Охрид