Рестрикциите делумно олеснети, надлежните апелираат на почитување на мерките за заштита од коронавирусот

По два викенда со целосна забрана за движење овој викенд е првиот со скратен полициски час. Забраната за движење почна вчера од 15:00 часот, а ќе трае до понеделник во 5:00 часот наутро. Властите апелираат на доследно почитување на сите мерки за заштита од ширењето на коронавирусот и покрај одредените олеснувања на ограничувањата на движењето. Тие пикот, како што најавија, го очекуваат кон крајот на овој и почетокот на наредниот месец и затоа ги повикуваат граѓаните да бидат доследни во почитувањето на мерките за заштита.
Со олеснување на забраната за движење, полицискиот час секој работен ден, од понеделник до петок во целата држава ќе почнува од 19:00 часот до 05:00 часот наутро. За лицата над 67-годишна возраст ќе биде дозволено движење секој работен ден од 05:00 часот наутро до 12:00 на пладне. Младите лица до 18 години ќе може да излегуваат од понеделник до петок од 13:00 до 19:00 часот.
Според новите мерки што ги однесе Владата во средата, заштитната опрема задолжително треба да се носи во сите затворени јавни места каде што има повеќе лица како маркети, продавници, банки, пошти, здравствени установи, како и при користење на јавен превоз. На отворено заштитна опрема задолжително се носи на пазари и на отворени простори каде нема можност да се одржува физичката дистанца од два метра до другите лица во близина. На отворено заштитна опрема не се носи само ако се престојува во дворот, или терасата од сопствените домови, на велосипед, при спортување на отворено или во патничко возило со лица со кои живеете во заедница или домаќинства.
Вчера Министерството за здравство направило рекодни 728 тестирања, а потврден бил 41 нов случај на Ковид-19 и тоа во: Скопје -17, Куманово -8, Прилеп -8, Тетово -4, Струга – 1, Велес -2, Битола -1.

Од Министерството информираа дека Институтот за јавно здравје регистрирал 37 оздравени пациенти. Од нив двајца пациенти од болничко лекување и 35 кои се лекуваа во домашни услови. Оздравени пациенти на домашно лекување се евидентирани во: Скопје-11, Прилеп-11, Кочани-4, Гостивар-2, Дебар-2, Струга-1, Охрид-1, Битола -1, Крушево – 1, Тетово – 1.
На Инфективната клиника во Скопје почина пациент на 36 години од Гостивар, кој освен обезност немал други коморбидитети, но неговата клиничка слика била тешка. Во денешната евиденција на Институтот на починати од Ковид-19 ќе биде заведен и пациент од Скопје кој бил на возраст од 25 години. Починал на 23 април, а неговиот втор-постмортем позитивен резултат пристигнал утрово. Пациентот имал Даунов синдром, бил хоспитализиран на 20 април со тешка клиничка слика и наод бронхопневмонија, информира Министерството за здравство.
Ново на Сител
-

Народна банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 2 процента
-

Поднесена кривична пријава за опожарувањето на дипломатските возила во Скопје
-

СП 2026: Меси ѝ донесе на Аргентина убедлива победа над Алжир
-

Муцунски во Даблин на средба со Мекенти, во фокусот претстојното претседавање на Ирска со Советот на ЕУ
-

Сенатот на САД по деветти пат ја блокираше Резолуцијата за прекин на војната со Иран
-

Најмалку четири лица загинаа во руски напади врз источна Украина
-

Јужна Кореја ќе ја намали зоната со ограничен цивилен пристап долж границата со Северна Кореја
-

Променливо облачно и топло, попладне можен пороен дожд, грмежи и засилен ветер
