Реставрирани 30-тина резби во Битола
Резбарените тавани се еден од исклучително впечатливите елементи од ентериерното уредување на битолската традиционална куќа. Доста впечатливи биле декоративните елементи изработени од врвни копаничари. Во етнолошката збирка на Завод и Музеј Битола постојат триесетина фрагменти кои последната година беа реставрирани од битолските конзерватори, а датираат од крајот на 19 и почетокот на 20 век.
-Најголем дел од фрагментите беа премачкани, оштетени, на некои недостигаа комплетни елементи, но она што колегите конзерватори успеаја да го направат може денес да го видиме. При истражувањето уште пред две години, но и сега кога го подготвував каталогот не успеав да најдам ниту една битолска куќа во која се уште се зачувани резбарените таваници. Не велам дека нема, но и покрај сите обиди и комуникација, не успеав да откријам дека постојат некаде. Инаку бројот на ваквите таваници бил многу поголем во минатото, вели Мери Стојанова, автор на иложбата..
За овие резбарени тавани особена карактеристика е колоритноста.
- Додатокот на оваа жолта, зелена боја е специфика во градската култура во Битола, бидејќи тоа е град кој нарано ја прифатил европската култира, изјави Наде Геневска Брачиќ, ендолог – Кустос советник.
Изложбата на резбарените тавани беше поставена во изложбениот простор каде е поставен паркетот од Офицерскиот дом во Битола, а кој датира од почетокот на 20 век.
- Паркетот беше во исклучително лоша состојба и не можеше да се искористи во Офицерскиот дом заради тоа, дојдовме до идеја истиот да го преземеме и да го искористиме за една од нашите музејски поставки, на тој начин да го зачуваме тој дел од минатото, а воедно да добие и функционална вредност, рече Стојанова, која е и директор на Завод и Музеј Битола.
Паркетот беше изваден за време на конзерваторско-реставраторските активности во Офицерскиот дом и беше даден на трајно користење на битолскиот музеј..
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
