Здравје
14. јуни 2016 - 13:16

Решението не е во скапите масла - Природен сок со кој ќе се вратите со бронзен тен од плажа

Сакате да потемните додека сте на одмор, но не сакате претерано да ја горите кожата? Решението не е во скапите масла, ниту во вештачките таблети, туку во овошјето и зеленчукот.  
 
Направете си го овој пијалак неколку недели пред одмор, пијте го секој ден и очекувајте комплименти.
 
Потребно ви е:
 
1 морков
 
1 праска
 
1 парче свежа тиква или диња
 
1 јаболко
 
Подготовка:
 
Едноставно е, ставете ги сите состојки во соковник, а по желба може да додадете и други овошја заради подобар вкус. Додајте малку лимон заради витамин Ц и пијте го овој сок секојдневно пред појадокот.