Решение за загадениот воздух е можно до 2025 година
До 2025 година експертите очекуваат да се намали загадувањето во главниот град но само доколку за затоплување, целосно се исфрлат од употреба дрвото, нафтата и јагленот. Додека граѓаните очекуваат конкретни мерки кои ќе дадат ефект оваа зима, градот организира работилници на кои професори и истражувачи презентираат анализи во кои домаќинствата со 90 проценти учествуваат во емитување на ПМ честичките а останатите 10 проценти се од транспортот. Индустријата воопшто не била цел на истражувањето бидејќи била комплексна област за која во иднина ќе истражуваат.
-Најбрза мерка е приклучувањето кон топлификацискиот систем, субвенции за промена на начинот на греење како за печки на пелети, инвертер, изолација на домоците, смета Александар Дединец, професор од МАНУ Истражувачки центар за енергетика.
Професорот предлага промена на начинот на оданочување на возилата при увоз, кое би се направило скалесто врз основа на тоа колку штетни гасови емитува. Дединец смета дека треба да има субвенции и за таксистите да купуваат електрични возила. Шилегов поради други состаноци не учествуваше на работилницата. Неговите претставници уверуваа дека виновници за загадувањето се сите граѓани а градоначалникот за една година реализирал дури 25 мерки за животната средина што е многу за толкав период .
-Загадувањето е приоритет во мандатот на градоначалникот како во неговата кампања .Има организирано десетина вакви дебати . Животната средина е тема која најчесто се дискутира во советото. Минатат година средствата за овој сектор ги зголемивме на 4.2 проценти и се надевваме ќе го одржиме тоа ниво и за следната година...“, изјави Никола Наумовски, генерален секретар во Град Скопје.
Граѓанските здруженија и невладини веќе најавија тужба до државата. Ќе бараат правда од домашните и меѓународните судови поради уништување на здравјето на граѓаните од аерозагадувањето. Вчера од Меѓаши најавија разни облици на изразување на револт кои вклучуваат и протест на наставата во училиштата.
-
Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар