Решен проблемот со продажбата на арпаџик
Земјоделците од Чучер Сандево ќе можат без никакви проблеми да го продаваат арпаџикот.
По посетата на лидерот на владеачката партија, кога земјоделците од скопските села му посочија дека имаат проблем со продажбата на производот поради немањето декларација и поради тоа што производот го нема во регистерот на семиња.
Груевски им вети дека надлежните ќе го разгледаат проблемот.
По посетата на Груевски, земјоделците ги посети и тим од ресорното министерство, кој што ги информираше дека решението е формирање на задруга која првите години ќе биде финансиски поддржана од Владата.
Земјоделците презадоволни што конечно ќе се реши овој проблем.
Од платежната агенција им објаснија дека постојат многу поволности кои се нудат на задругите.
Формираната задруга ќе добие средства од државата за водење сметководство и други услужни дејности.
Ќе им бидат покриени и 90 отсто од трошоците за набавка на земјоделска механизација.. Државата ќе ги покрие и бруто платите за две ангажирани лица во првите 5 години, а земјоделците ќе имаат поддршка и за осигурување на посевите.
-

Александра Десподовска
Сите содржини од овој новинар
