Решен деценискиот проблем со водоснабдувањето во делчевско Разловци
Жителите на делчевското село Разловци од денеска ќе имаат чиста вода за пиење и во доволна количина. Со изградбата на новата дренажа во село Разловци со која се обезбеди поголем доток на вода во водоснабдителниот систем, се реши децениски проблем во ова најголемо населено место во Општина Делчево.
Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски кој изврши увид во финалните градежни работи рече дека во рамките на зафатот кој го изведуваа екипи на комуналното претпријатие „Брегалница“-Делчево, беше изграден дренажен систем со кој се зафатија водите од река Ракитина во Разловци, а беше инсталиран и дренажен приклучок со вградување полиетиленско црево фи-90 во должина од 250 метри, кое се поврза со приклучната шахта. Санирана е и собирната шахта, а е извршено и чистење и хипохлорирање на резервоарот.
– Моите заложби за чиста вода за пиење се приоритет и интензивно работиме да донесеме чиста вода до сите домаќинства во Делчево. На ова поле веќе работиме интензивно со швајцарските консултанти на реализација на големиот проект „Водоснабдување на Делчево“ кој треба да трае неполни три години. Со проектот ќе бидат опфатени Делчево, населените места Габрово и Ѕвегор, а се прават напори кон овој систем да се приклучи и селото Вирче, со што ќе добијат современ водоснабдителен систем и чиста вода за пиење, рече Трајковски.
Проектот ќе чини 7,3 милиони швајцарски франци од кои над шест милиони се од Швајцарската конфедерација, а останатите се од Министерството за животна средина и просторно планирање.
Ново на Сител
-
Георгиев: Нема и не може да има дополнителни услови и барања за пристапувањето на Македонија
-
Муцунски со Баро - Повеќе соработка
-
Гаши: Пратениците имаат право на интерпелација против секој носител на јавна функција
-
Вреди ќе има унифициран став за една изборна единица
-
Славески: Стабилен денар и ниска инфлација
-
11 годишни момчиња се најчесто жртви на врсничко насилство
-
Приватните автобуси повторно возат, велат дека од ЈСП добиле пари за до понеделник
-
Министерката Јаневска ефекти од едносменската настава очекува од септември