Ресен доби 50 пластични контејнери и 30 канти за селекција на амбалажен отпад

Компанијата „Пакомак“ денеска на општина Ресен и донираше 50 пластични контејнери, од кои половина се сини за собирање хартија и композит, а другата половина се жолти за пластика и лименки и 30 канти за селекција на амбалажен отпад.
Директорот на Јавното комунално претпријатие „Пролетер“ од Ресен Љупчо Крстевски информира дека контејнерите ќе бидат поставени во јавниот простор и во основните училишта во градот.
- Ги замолувам граѓани да ги користат новите контејнери и да го фрлаат својот отпад одделно. Само на тој начин ќе биде однесен на рециклирање и наместо како отпад - ќе заврши како нов, корисен производ. Со промена на нашите навики ќе ја промениме на подобро и животната средина во којашто живееме и севкупно ќе придонесеме кон подобрување на комуналната инфраструктура во градот, изјави Крстевски.
„Пакомак“, како што истакна Игор Макалоски оперативен менаџер во комапнијата, ќе продолжи да инвестира во комуналната инфраструктура низ државата, бидејќи, според него, во некои општини се уште нема доволно контејнери за комунален отпад, ниту пак за селективно собирање на отпадот од пакуавње.
- Наша цел е, се разбира во соработка со локалната самоуправа, таа слика да се смени и на различни локации да има барем по еден контејнер за амбалажен отпад, пред се за ПЕТ, хартија и лименки. Амбалажниот отпад учествува со најмалку 20 проценти од вкупната тежина на комуналниот отпад кој го фрлаат граѓаните. Во иднинна продолжуваме и со останатите едукативни кампањи со цел да ги поттикнеме луѓето да дадат свој личен придонес, односно да продолжат со примарна селекција на пластичните шишиња, лименки и хартија и да ги фрлаат во посебен контејнер, најчесто жолт или син по боја, рече Макалоски.
Ново на Сител
-

Трамп: Можно е по изборите да го засилиме бомбардирањето на Иран
-

Во Кривичен суд продолжува судењето за „Државна лотарија“
-

Кратењето средства за ОН го доведува во ризик образованието на милиони деца бегалци
-

Сончево со мала до умерена облачност и студено утро
-

ОЈО ГОКК побара притвор за Јованов во истрага за поткуп за лиценца - Судот ќе одлучува утре
-

Медицински факултет: Избраните кандидати беа далеку подобро рангирани од д-р Василевски - не беше доведен во понеповолна положба
-

Обвинителството бара нови мерки за Дејан Јованов, Кривичен суд ќе одлучува утре
-

Осуденичка од САД преживеала егзекуција - не ја усмртиле ниту две дози смртоносна инјекција
