Републиканците блокираа предлог закон за санкции кон Русија и Иран
Републиканците во Претставничкиот дом на Конгресот на САД го блокираа предлог законот за воведување на економски санкции кон Иран и Русија и го обвинија Сенатот дека создал процедурални пречки.
Предлог законот за санкциите беше подготвен од Сенатот и минатата недела беше поддржан со 98 гласови „за“ и два гласа „против“, по што беше испратен на усвојување во Претставничкиот дом.
Лидерот на мнозинството во Долниот дом, Кевин Маккарти не прецизира како ќе бидат отстранети процедуралните пречки.
Државниот секретар Рекс Тилерсон даде „млака“ поддршка на санкциите кон Русија, додека лидерот на малцинството Чак Шумар ги обвини републиканците дека претставуваат параван на американскиот претседател Доналд Трамп, кој е „пријателски расположен“ кон Русија и претседателот Владимир Путин.
Ново на Сител
-
Изменет сообраќаен режим во Скопје
-
Литургија во соборниот храм ,,Св. Климент Охридски” по повод 25 годишнината од востоличувањето на г.г. Стефан
-
Дачиќ: Српското МВР испраќа 36 членови на Тимот за спасување за помош во поплавите во БиХ
-
Маск: Трамп мора да победи за да се зачува Уставот и демократијата во Америка
-
ИДФ: Нападнати центри на Хамас во поранешно училиште и џамија
-
Состојба на патишта
-
Променливо облачно со дожд
-
Црвен Крст: Апел за помош за настраданото население од поплавите во Босна и Херцеговина