-->
-->
Репрезентативците на Панама до челниците на КОНКАКАФ:Вие сте корумпирани крадци
-->

Фудбалските репрезентативци на Панама со порака со навредлива содржина им се обратија на челниците на Фудбалската конфедерација на Северна и Средна Америка и карибите (КОНКАКАФ). Пнамците на социјалните мрежи ги нарекоа челниците на КОНКАКАФ „корумпирани крадци“.
Гневот на фудбалерите на Панама е предизвикан од контоврзниот пораз кој го доживеаја од Мексико во полуфиналето на Голд купот.
Панамците против Мексико од 24.минута играше со играч помалку, но тоа не им пречеше во 51.минута да постигнат гол. Резултатот 1:0 беше активен се до претпоследната минута кога судијата Мајк Гајгер досуди сомнителен пенал за Мексико.
Гвадрадо го реализира пеналот, го спаси Мексико од испаѓање и спречи Панама да игра во финалето. Во продолженијата од 2x15 минути одново на сцена стапи Американецот кој досуди уште еден контроверзен пенал за Мексиканците, кој одново го реализира Гвадрадо.
По завршувањето на мечот репрезентативците на Панаме се обидоа и физички да се пресметаат со судијата Гајгер.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
-

Сведоци за полицајците во „Пулс“: Одбиваа да помогнат на повредените
-

Физички нападнат гинекологот Огненовиќ додека прегледувал пациенти во својата ординација
-

Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар
