Репортери без граници ги осуди нападите врз медиумите и новинарите при обидот за пуч во Турција

Репортери без граници остро ги осуди нападите врз медиумите и новинарите за време на обидот за воен удар во Турција, во кој војници, кои го поддржуваат превратот убија турски фоторепортер.
Според организацијата, која ја заштитува слободата на печатот, фотографот од весникот „Јени шафак’“ Мустафа Џамбаз бил убиен, откако преку социјалните мрежи повикал за мобилизација против пучот.
Други двајца турски новинари се жестоко нападнати од демонстрантите, кои ја поддржувале власта, поради тоа што работеле во медиумите кои се критичари на власта. Едниот од нив тврди дека за малку ќе бил фрлен од мост.
Турскиот премиер Бинали Јилдирим се извини за тие инциденти, кои произлегле од „стресот и силниот наплив на емоции кај демонстрантите“.
Невладината организација исто така нагласува дека претседателот Реџеп Таип Ердоган и неговите приврзаници, кои вообичаено се мошне критични кон социјалните мрежи, ги користеле мошне активно за да ја стават ситуацијата под контрола.
- Време е властите во праска да ја покажат својата посветеност кон демократските принципи и да престанат да се однесуваат кон критичарите како кон измамници и терористи, се наведува во соопштението на Репортери без граници.
Ново на Сител
-

Алиу: Владата ја усвои информацијата за формирање центар за итна медицинска помош во Скопје со цел поефикасен итен медицински одговор
-

Во Србија легално во моментот се 100.000 странци, а само 160 бегалци во прифатни центри
-

Кривична за доктор и медицинска сестра, се обиделе да шверцаат ботокс преку пошта
-

Лавров не ја гледа ЕУ како соодветен партнер за мировни преговори
-

Поранешните директори на Онкологија Васев и Нухи излегуваат од притвор, прифатена гаранцијата со хипотека на имот
-

Повторно судири меѓу Израел и Хезболах во Либан, загрозен мировниот договор меѓу Иран и САД
-

Белгија увезува повеќе руски гас од пред војната, независно санкциите на ЕУ
-

Провери пред да купиш: АЕТМ објави ажуриран Регистар на е-трговци за превенција од измами
