Македонија
28. February 2016 - 20:47
Реновирано училиште во општина Дебарца
Селото Оровник ќе добие комплетно реновирано училиште.Во тек се градежните активности ,во првата фаза ќе бидат заменети старите и дотраени даски со нов под ,прозорците ,вратите и санитарните јазли а во втората фаза и кровот.
Ова е прва реконструкција на подрачното основно училиште изградено во далечната 1954 година со која на учениците им се овозможуваат нови и многу подобри услови за настава.
Изминатиов период се изгради првото монтажно училиште во Волино ,реновирано е училиштето во Требеништа а во план е да се реконструира и училиштето во село Лешани или да се изгради ново .
Инаку во општина Дебарца во 11 основни подрачни училишта настава посетуваат 238 ученици.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
